Генерална аудиенција на Папата: Исус не ја поништува културата, туку ја унапредува

Драги браќа и сестри, добар ден!

Минатите денови бев на Aпостолско патување во Кореја и денес заедно со вас му благодарам на Господ за тој голем дар. Имав можност да ги посетам младите и Црквата со ентузијазам, заснована на сведоштвото на мачениците и со жив мисионерски дух, во земјата во која се среќаваат древните азиски култури и непремостливата новост на Евангелието: тоа се две средби.

Сакам уште еднаш да ја изразам својата благодарност до драгите браќа, епископите во Кореја, г-ѓата преседателка на Републиката, останатите претставници на власта и сите кои соработуваа во реализација на ова моја посета.

Значењето на тоа Aпостолско патување може да се сумира во трите зборa: спомен, надеж, сведоштво.

Република Кореја е земја која има силен и брз економски развој. Нејзините жители се големи работници, дисциплинирани, сакаaт ред и мора да ја сочуваат силата наследена од своите предци.

Во такви околности Црквата е чувар на споменот и надежта: таа е духовното семејство во кое возрасните на младите им го пренесуваат фаќелот на верата примен од предците; споменот на мачениците од минатото станува ново сведоштво во сегашноста и надеж за иднината. Во таа перспектива може да се гледаат двата главни настани на тоа патување: прогласувањето за блажени на 124-те маченици кои се придружија на оние кои се прогласени за свети пред триесет години од Иван Павле II и средбата со младите по повод Шестиот ден на младите во Азија.

Младиот човек секогаш е личност која трага за нешто, за кое што вреди да се живее, а маченикот дава сведоштво за нешто, всушност, за Некого за Кој вреди да се даде својот живот. Таа е реалноста на Божјата љубов, која се овоплоти во Исус, Сведокот на Отецот. Во двата настани на тоа патување посветено на младите Духот на Господ Воскреснатиот нѐ исполни со радост и надеж кои младите ќе ги понесат во своите земји и кои ќе направат многу добрина!

Црквата во Кореја исто така го чува споменот на примарната улога која што ја имале лаиците како во почетоците на верата така и во делото на евангелизација. Во таа земја, христијанската заедница не ја основале мисионери, туку група млади Корејци во втората половина на 18 век кои биле воодушевени од некои христијански текстови, ги проучувале темелно и ги избрале за правило на животот. Еден од нив е испратен во Пекинг за да прими крштение и потоа тој лаик ги крстил своите другари. Од тоа прво јадро се развила голема заедница која од самиот почеток и речиси цело едно столетие била изложена на прогони, со илјадници маченици. Па, Црквата во Кореја се темели на верата, мисионерското заземање и мачеништвото на верниците лаици.

Првите корејски христијани како пример си ја поставиле апостолската заедница во Ерусалим, спроведувајќи ја во дело братската љубов која ги надминува сите општествени разлики. Затоа ги поттикнав денешните христијани да бидат великодушни во делењето со најсиромашните и исклучените според тоа што го читаме во 25 глава во Евангелието по Матеј: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои мајмали браќа, Мене сте ми го направиле!“

Драги браќа, во историјата на верата во Кореја се гледа како Христос не ја поништува културата, не ги гуши народите на нивниот пат низ историјата кои низ вековите и милениумите ја бараат вистината и ја спроведуваат во дело љубовта кон Бог и ближниот. Исус не го укинува тоа што е добро, туку го унапредува, го доведува до полнина.

Она против кое што Христос се бори и победува е злото кое го сее каколот меѓу луѓето, меѓу народите; кое раѓа исклучивост заради идолопоклонството на парите; кое сее отровот на ништожноста во срцата на младите. Исус Христос против тоа се бореше и го победи со својата жртва на љубовта. И ако останеме во Него, во Неговата љубов и ние како мачениците можеме да ја живееме и да ја сведочиме неговата победа. Со таа вера молевме, а и сега молиме сите синови на земјата корејска кои ги трпат последиците од војните и поделбата да можат да го остварат патот на братството и помирувањето.

Тоа патување беше просветлено со празикот на Вознесението на Марија на небото. На небото каде што владее со Христос, Мајката Црква го следи одот на Божјот народ, го поддржува ако на неговиот пат го снајде неволја, ги утешува оние кои се во искушение и го држи отворен хоризонтот на надежта. Нека по нејзиното мајчинско застапување Господ секогаш го благословува корејскиот народ, му подари мир и благосостојба; и нека ја благослови Црквата која живее во таа земја, секогаш да биде плодна и полна со радоста на Евагелието.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот