Војната е мајка на секое сиромаштво
Војната е мајка на секое сиромаштво, голем ограбувач на човечките животи и души – со овој твит објавен на профилот @Pontifex, Светиот Отец повторно го предупредува светот на главниот извор на драмата која секој ден ја гледа.
Дали суровата фотографија на мртвото дете од Сирија кое морските бранови го исфрлиле на плажа во Турција беше потребна за Европа да се згрози, а дали ќе биде доволна за да ја запре војната во Сирија која веќе четири години прави сириското население да е во бегство.
Осврнувајќи се на објавената фотографија на детето од Сирија најдено на плажа во Турција надбискупот Зенари апостолски нунциј во Сирија истакна дека фотографијата сите ги потресе, посебно Европа. Таа трагична фотографија воедно потсетува на тоа дека тоа не е единственото починато дете, бидејќи во Сирија децата и денес гинат или се ранети. Според статистиките во сириската војна загинале десет илјади деца и млади, а вкупно загинале повеќе од 250.000 лица – истакна нунцијот, додавајќи:
Би кажал дека и трагичните фотографии на бегалците кои стигнуваат во Европа покажува како меѓу четири милиони бегалци има и многу млади луѓе. Европските камери прикажуваат само еден дел од сириската драма, бидејќи треба да се видат последиците од заминувањето на младите луѓе. Држава без млади нема иднина. Младите зад себе оставаат празнина, а тоа е злото на иднината на еден народ. Тие пак мора да ја напуштат Сирија бидејќи овде не гледаат иднина – рече нунцијот Зенари.
РВ/к.мк/Д.И.