Папата: Човечкиот развој се мери и со способноста за раст и создавање на потомство

Папата: Човечкиот развој се мери и со способноста за раст и создавање на потомство

Папата Фрањо на почетокот од својата посета на Летонија во претседателската палата во Рига ги поттикна властите и граѓанското општеството својата цел да ја постават над поединечните инетереси за разбирањето да го преобразат во солидарност.

По обраќањето на цивилните власти, Папата положи цвеќе кај Споменикот на слободата.

Да се научи да се „цели над себе и над своите посебни интереси“ за меѓусебното разбирање и посветеност да ги преобразиме во солидарност. Така се создава историјата, а од конфликтите и тензиите „може да се премине во единство на различностите кое го создава новиот живот.“ Така Папата цитирајќи ја апостолската енциклика „Evangelii gaudium“ им се обрати на политичките власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор во претседателската палата во Рига.

Повик на духовна способност за подлабок увид

Папата Фрањо се повика на „духовната способност за подлабок увид која се остварува во малите секојдневни гестови на солидарност, сочувствување и меѓусебно помагање,“ а му помогнала на летонискиот народ во повторното градење на државата, заради поделби и конфликти обележани со „тешки општествени, политички, економски дури и духовни искушенија.“ „Тоа ви дава потребна креативност за создавање на нови општествени движења во соочувањето со редукционизмот и исклучувањата кои секогаш му се заканувале на општетсвеното ткиво“ – рече Папата и истакна дека Летонија знаела како својата тага и болка да ја преобрази во песна и игра и да ја претвори во место на дијалог и средба, мирен соживот кој гледа однапред.

Слобода чиј корени се во небото

За стогодишнината од независноста на Летонија, Светиот Отец потсети дека слободата е освоена и повторно вратена, била возможна благодарение на корените содржани во летонскиот народ.“ Папата искажа радост заради спознанието дека во срцето на корените на таа земја се наоѓа Католичката Црква во делот исполнет со соработка со другите христијански Цркви, што е знак дека е можно да се развие заедништвото во различностите.

Слободата значи ангажман на подрачјето на целосното градење на луѓето

Слободата и независноста на Летонија се „дар, но исто така и задача која ги вклучува сите“ – рече папата Фрањо. Да се работи за слободата значи да се ангажираш за целосното градење на луѓето и општеството. Фактот дека денес можеме да славиме, е заслуга на многу кои ги отвориле улиците, вратата, иднината и ни оставиле во наследство еднаква одговорност: да ја отвориме иднината имајќи ја пред себе целта сите да бидат во служба на животот, да даваат живот.

Папата се осврна на планираната посета на Споменикот на слободата, „каде ќе бидат присутни деца, млади и семејства“, и рече дека тие нѐ потсетуваат на „мајчинството“ на Летонија кое одекнува во способноста за промовирање на ефикасни стратегии фокусирани на конкретни членови на тие семејства, на тие стари луѓе, деца и млади; повеќе отколку првенството на економијата пред животот.

„Мајчинството е создавање на работа

„Мајчинството“ се покажува во способноста за создавање прилика за вработување за никој да не треба да ги напушти корените заради создавањето на сопствената иднина – заврши Папата присетувајќи се на слоганот на посетата „Покажи дека си мајка.“ Показателот на човечкиот развој се мери и со способноста за раст и создавање на потомство. Општеството не се развива само ако се поседува повеќе добра и ресурси, туку и „со желбата да се дава живот и да се создава иднината.“

Тоа е можно само во таа мерка во која постои вкоренетост во минатото, кретивност во сегашноста и вера и надеж во утрешнината. Исто така се мери и со подготвеноста за вложување и несебичност кои ги посведочиле минатите генерации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот