Денешниот празник, Вознесение Христово ни зборува за една гравитациска сила која не привлекува нагоре.
Прикажана ни е целта на нашето патување: потполното заедништво со Отецот; веќе реализирано од Христос и се спроведува за нас.
Оној кој слегна од небото и ја презеде слабоста на човечкото тело, по страданието и воскресението, се воздигнува на небото, носејќи ранливо човештво, но прославено од Божјата верност.
Овој празник нѐ потсетува не само дека сме предодредени за небото, туку дека исто така и ние ќе дојдеме во небото, затоа што доаѓаме од Бога кој од секогаш нѐ сакал во неговата љубов во заедништво со него.
Прославениот Христос кој се вознесува на небото повторно ја отвoра комуникацијата помеѓу грешното човештво и Отецот, давајќи нова полнота и длабочина, означувајќи го патот на повикот на секој човек.
Во Евангелието, Лука го раскажува вознесението Исусово дека е придружувано од еден благослов.
Тоа е последниот и дефинитивен гест на прославениот Господ врз човештвото: затоа да живееме во знакот на овој благослов.
Додека пак Делата на светите Апостоли пред сѐ го истакнува ветуваењто за враќањето Исусово на крајот од историјата.
Ако благословот ја кажува новата форма за Господовото присуство помеѓу луѓето, ветувањето ни ја пренесува довербата дека Тој не нѐ напушта, туку повторно ќе дојде за да се сретнеме.
Благословот и ветувањето ја обврзуваат Црквата во историјата да го сведочат присуството на Воскреснатиот и да го исчекува неговото доаѓање на крајот на времињата.