Воведен во служба новиот директор на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојaнов

Воведен во служба новиот директор на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојaнов

За време на светата Литургија на празникот Света Мајка Тереза, 5 септември 2022 година, во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ бискупот Стојанов го воведе во служба новиот директор на Македонски Каритас, отец протојереј ставрофор д-р Зоран И. Стојанов.

Пред самиот чин на воведување бискупот Стојанов рече: На празникот Света Мајка Тереза, која е заштитничка и на Македонски Каритас ќе направиме вовед во службата на новиот директор на Македонски Каритас. Досегашниот директор на Македонски Каритас дон Паво Шекерија се враќа во неговата родна надбискупија Сараево, на негово место доаѓа отец протојереј ставрофор д-р Зоран И. Стојанов.

Потоа отец Зоран И. Стојaнов го молеше Символот на верата, при што вети дека верно ќе ја извршува доверената служба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот