Во Чанаклија прославен Велигден и патрониот празник на Црквата

Во Чанаклија прославен Велигден и патрониот празник на Црквата

Во понеделник, 6 мај 2024 година, Втор ден Велигден и празник на Светиот великомаченик Ѓорги, во филијалната црква посветена на Светиот великомаченик Ѓорѓи во Чанаклија, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх служеше Света архиерејска Литургија во сослужение на свештениците од Струмичко-скопската епархија.

На светата архиерејска Литургија пригодна проповед одржа Н.В.П монс. Киро Стојанов, Струмичко-скопски епарх. Во неа епископот Стојанов ја истакна својата голема радост што на овој празник ја има можноста заедно со верниците од Чанаклија да го слави Христовото воскресение, како и патрониот празник на црквата „Свети великомаченик Ѓорги. За време на проповедта тој зборуваше за значењето на Христовата жртва за нас христијаните, поврзувајќи го и примерот на мачеништвото за Христа, кој ни го дава светиот великомаченик Ѓорги, и притоа, ги поттикна верниците да продолжат на патот по кој храбро чекорел самиот великомаченик Ѓорѓи. Светлиот пример на овој маченик за верата да биде водител за верниците од ова село посебно во изразувањето на заедништвото.

На крајот по благодарноста упатена од страна на парохот отец Ванчо Назов до Н.В.П. монс Киро Стојанов, како и до свештениците и верниците следуваше заедничко дружење со заедничко агапе во црковниот двор.

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот