Во Црквата има една болест, а тоа е сеењето на поделби

Во Црквата има една болест, а тоа е сеење на поделби и какол. Христијаните пак се повикани да миротворат и помируваат, како што правеше Исус – заклучи Светиот Отец во проповедта на утринската миса во петок 4 септември 2015 година во капелата на Домот на света Марта.

Во посланието до Колосјаните Павле го открива Исусовиот идентитет; Тој е Божјиот Првороден, Бог е, а Отецот Го испрати да го „миротвори и помирува“ со Бог човештвото после гревот. Мирот е Исусово дело – рече Папата – дело на неговото „понизување да биде послушен сѐ до смртта на крстот“. А кога говориме за мирот и помирувањето, тогаш треба секогаш да размислуваме за големиот мир и помирување, кое го донесе Исус. Без Него не е можен мирот. Без Него не е можно помирувањето. Наша задача е во војната, омразата, исто така и во семејството, да бидиме миротворци и помирители – заклучи папата Фрањо.

А би било добро да се запрашаме: дали сеам мир? На пример, со својот јазик дали сеам мир или какол? Колку пати сме слушнале да се зборува за некоја личност: има змиски јазик, бидејќи секогаш го прави она што змијата го направила на Адам и Ева; го уништила мирот. А тоа е зло, тоа е болест во нашата Црква: да се сеат поделби, омрази и немир. Секој ден сите треба да се запрашаме: Дали денес сеев мир или раздор? Ма, понекогаш треба да се каже бидејќи тоа оној или она го заслужуваат: а што сееш со такво однесување? – запраша Папата.

Значи христијаните се повикани да бидат како Исус, кој дојде да миротвори и помирува. Може ли некоја личност да се прогласи за света, бидејќи целиот живот помирувала и миротворила. Таа е света личност. Во тоа треба да растеме, бидејќи мораме да се обратиме: никогаш не треба да се изговори збор кој носи раздор, кој носи војна, никогаш не треба да се озборува. Размислувам: што се озборувањата? Обично се вели: Не е ништо да се каже нешто против некој или нешто против некој да се измисли: го направи ова или она… Меѓутоа, озборувањето е тероризам, бидејќи оној кој оговара е како терористот кој фрла бомби и бега, уништува: со јазикот уништува, не е миротворец. Меѓутоа е лукав. Не е терористот самоубиец, бидејќи добро се чува самиот себе – забележа Папата.

Секогаш кога некому ќе му дојде на ум да изговори збор кој сее какол и да го озборува другиот, треба да се гризне за јазик. Ви гарантирам, ако во тоа се вежбате, да се гризнете за јазик наместо сеење на какол, во почетокот ќе ви отече јазикот, бидејќи ќе биде полн со рани, бидејќи ѓаволот ни помага, и тоа е негова работа, негов занает: да разделува.

Папата проповедта ја заклучи со молитвата: Господи, го даде својот живот, дај ни милост да миротвориме и помируваме. Ти ја проли својата крв, дај да не ми е грижа што мојот јазик малку ќе отече ако се гризнам пред да почнам да ги озборувам другите.

 РВ/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот