Во недела, 19 ноември 2023 година во 17.00 часот во салата „Света Мајка Тереза“ при парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител во Струмица“ ќе се одржи промоција на книгата од Кјара Лубик, основателка на Движењето Фоколари, насловена „Секој миг е дар“.
За книгата ќе зборува о. Ѓорги Динов, парох во Нова Маала и Марија и Драган Георгиевски, преведувачи и издавачи на книгата.
Книгата ја објави издавачката куќа „Норша Издаваштво“, а предговорот на македонското издание го напиша професор д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот факултет во Скопје.
Ватикан њуз/к.мк/Фото: ФБ профил Норша Издаваштво