Во Струмица се одржа трибина за Јубилејната година

Во Струмица се одржа трибина за Јубилејната година

Во Струмица се одржа трибина за „Јубилејната година“ на која присуствуваа епископот Киро Стојанов, Апостолскиот нунциј во Македонија Н.Е. Суриани, свештеници, чесни сестри Евхаристинки и верници од повеќе парохии.

Во недела 4 мај 2025 година во парохиската сала на црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица, со благослов на епископот Стојанов се одржа трибина на тема: „За јубилејната година“, а во организација на Деканатот Свети Кирил и Методиј, Радио Марија и парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица. На трибината присуствуваа Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, Апостолскиот нунциј во Македонија, Н.Е. Суриани, неговиот соработник во нунцијатурата Христофер Сајлер, свештеници, чесни сестри Евхаристинки и верници.

Трибината започна со Воскресниот тропар и молитва за јубилејната година, а потоа модераторот на трибината, Величе Илиева ги поздрави присутните и ги најави предавањата.

На трибината зборуваше протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, кој се осврна на историскиот контекст на Јубилејните години и нивниот развој.

Протојереј отец Гоце Костов, директор на Радио Марија и парох зборуваше за учењето на Црквата за опростот, врз основа на Катехизмот на Католичката црква и Одредбите за доделување опрост издадени од Апостолската покорничарница објаснувајќи ги условите и можностите за добивање потполн опрост во Јубилејната година.

На крајот од трибината епископот Стојанов се заблагодари за организацијата на трибината, а потоа го покани Апостолскиот нунциј Суриани да упати зборови на охрабрување и да го подели својот благослов.

Трибината заврши со разговор дружење во парохиската сала.

За музичкиот дел се погрижија Томе Васиќ и Лука Костови, кои со нивните изведби потсетија на богатството на источното црковно пеење.

Трибината за јубилејната година првично беше планирана за 16 март, но поради трагичниот настан во Кочани беше одложена.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот