Во недела навечер,1 мај 2022 година, во бискупската резиденција во Скопје започнаа овогодинешните духовни вежби за свештениците. Заедно со својот бискуп Н.В.П. д-р Киро Стојанов на духовните вежби се присутни скоро сите свештеници од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, а ги води монс. Петар Палиќ, Мостарски бискуп и апостолски администратор Требинско – мркањски.
Духовните вежби за свештениците од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија ќе завршат во среда 4 мај 2022 година.
к.мк