Во Скопје работилница „Во пресрет на Божиќ“

Во среда 25 ноември 2015 година во Скопје во Пасторалниот центар на скопската парохија се одржа средба на млади под водство на парохискиот викар дон Јошт Мезег. Овој пат младите беа повикани на работилница за изработка на адвентски венци.

На почетокот на средбата младите ги поздрави парохот дон Давор и накратко ја објасни пораката на Адвентот и симболиката на адвентскиот венец, велејќи дека сето тоа нѐ води во пресрет на Раѓањето на Исус Христос, кој дава смисла на нашето човечко постоење. Исто така рече дека адвентските венци кои младите ќе ги изработат, верниците ќе можат да ги купат во недела, во катедралата по неделните Миси, а собраниот паричен прилог ќе биде наменет за школување на сиромашните деца во африканската држава Бурјкина Фасо.

На младите во работилницата им се придружија и лица од заедницата на фоколарите, сестрите евхаристинки, сестрите усмиленики, а целата вечер беше проникната со пријатно заедништво, духовни песни и предбожиќно расположение во изработката на адвентските венци и чин на љубов кон децата во Африка.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот