Во Скопската катедрала бискупот Стојанов служеше Миса со посвета на елеј и миро

На Велика среда, 16 април 2014 година во Скопската катедрала Пресвето Срце Исусово, Скопскиот епископ и апостолски егзарх во Македонија, монс. др. Киро Стојанов, во заедништво со свештениците од Скопската бискупија ја предводеше Мисата со посвета на елеј и миро.

Во сослужение со епископот беше генералниот викар монс. Антун Циримотиќ, бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов, скопскиот катедрален парох дон Давор Топиќ, парохот во Штип о. Тони Ангелов, парох и водител на заедницата „Мисио ад гентес“ во Куманово дон Хуан Мануел Кстро, парохот во Битола дон Антун Нижетиќ и парохот во Охрид о. Оливер Тантушев.

Во пригодната пропоповед бискупот Стојанов рече: Влегуваме во светата Тродневница славејќи го таинството на Христовите страданија, смрт и воскресение. Тие таинства секогаш имаат особено значење за нас свештениците, бидејќи, токму по изборот на својата служба поставени сме во служба на Божјиот народ да низ тие таинства ги водиме славејќи ги литургиските обреди. Трајно се сеќаваме на Исусовата опорука од Последната вечера „Правете го тоа на мој спомен“. Во воспоставувањето на Пресветата Евхаристија, воспоставен е свештеничкиот чин. Чудесна е таа поврзаност од салата на Последната вечера, во која и сега се враќаме послушни на Исусовите зборови: Желно сум сакал оваа Пасха да ја јадам во вас. Како да го слушаме Неговиот збор кој љубезно не повикува да како пријатели со него заедно ги заземеме своите места за пасхалната трпеза. Не ве нареков слуги зашто слугата не знае што прави неговиот господар, вас ве нареков пријатели. Денес, така собрани навистина се чувствуваме привилегирани како пријатели. Секојдневните грижи и задачи кои често ги надминуваат нашите физички и психички сили не оставаат уморни и во едно чувство на осаменост. Една од современите „болки“ на свештеникот е чувството на напуштеност. Во времето на воспоставувањето на оваа св. тајна Исус јасно ни прозбори дека не има најблиску во своето срце и дека е дури и најголема навреда да се биде малодушен и да се почувствуваме од него оддалечени. Не, драги браќа, Христос е пријател на свештениците до таа мера да живее во нас. Нашето Евхаристиско „Јас“ не поистоветува со Исус зашто дејствуваме in persona Christi, да, и сме Христос во мигот на славењето на светите таинства.

„Тоа што со својот живот и наука ни го говори Светиот Отец папа Фрањо многу е значајно за наше време. Тој говори дека три искушенија се погубни за свештеникот. Прво е посветовњачење, кога се заборава на Исусовиот збор дека сме во светот, ама не од светот. Поистоветување за световното е прекинување на таинствените врски со Христос кој во сите околности во животот трајно е поврзан со Отецот и Светиот Дух. Дух кој не заплускува големо е искушение да се однесуваме во светот како да сме од овој свет. Не, ние сме за овој свет ама во име Исусово.

Втора опасност вели Светиот Отец е нашето тежнеење за материјалната сигурност. Кога забораваме дека нашето имање е Христос и дека секоја алчност не оддалечува од Божјиот народ кој во нашите краеви и во оваа време посебно е чувствителен на алчноста на свештеникот. Нашата сигурност никогаш не е во тоа со што располагаме туку во силата на Духот кој – според зборовите на апостолот даваме надеж за тоа во што веруваме. И трето искушение, вели Папата, е чувство дека свештеникот е управител, господар, а не слуга“, истакна бискупот Стојанов.

По завршувањето на проповедта следуваше обнова на свештеничките ветувања, а потоа свештениците заедно со бискупот застаната пред олтарот каде бискупот го благослови елејот кој ќе се користи при делењето на светата Тајна елеопомазание на болните, а пред крајот на светата Миса бискупот го посвети и мирото.

За време на Мисата пееше катедралниот хор под водство на с. Татјана Атанасова, а во служењето допринесоа и минстрантите предводени од церемонијалот, богословот Бошко Чатлак.

Братско заедништво на бискупот со свештениците, како и богословите Спасе Спасов (апостолски егзархат во Македонија), Бошко Чатлак (Редемптрис Матер) и Јосип Машина (Редемптроис Мтаер) продолжи во бискупскиот ординаријат.

д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот