Во Сиднеј започнува конгрес на тема „Среќни семејства, здрава економија“

Сиднеј, 14.5.2013 /к.мк/ – „Среќни семејства, здрава економија“: ова е темата на Конгресот на семејствата, кој се одржува во Сиднеј, Австралија, од 15 до 18 мај. „Конгресот ќе даде информација, мотивација и инспирацијата за даровите и придонесот на природното семејство во општеството“, стои на интернет страната на епископската конференција на Австралија, организатор на иницијативата. Меѓу учесниците е и монсињор Винченцо Паља, претседател на Папскиот совет за семејството, кој ќе го претстави извештајот за „Бракот и семејството“ и „Потребите на децата“. Конгресот ќе се задржи на бројни теми: основната улога на семејството, односот помеѓу семејната рамнотежа и економскиот раст, падот на раѓањата, влијанието на трудот врз семејството, бракот меѓу мажот и жената како алатка за социјален развој, важноста на таткото… На крајот на работата, ќе биде објавена декларација.

Паралелно со ова продолжуваат подготовките за Осмата Светска средба на семејствата, која ќе се одржи од 22 до 27 септември 2015 година во Филаделфија. За лого на настанот е избрано „Ѕвоното на слободата“, симбол на градот, кој во 1776, ги собра американските граѓани, за да ја слушнат Декларацијата на Независноста. „Камбаната чука, за да ја најави најубавата вест за семејството – се чита на интернет страната на Папскиот совет за семејството – а малата сребрена камбаната на Филаделфија е симбол на бројните кампањи во светот, кои ги повикуваат семејствата во Црквата „Составен дел на камбаната – се вели понатаму – како интегрален дел, се наоѓа еден Крст, знак за централното место на Христос во животот на семејството и на Црквата. Исто така е претставено и едно семејство со пет лица на различна возраст, кои ги претставуваат различни улоги на единството: татко, мајка, син, ќерка, брат, сестра, дедо и баба, тетки и сите други“. Ќе потсетиме дека изборот на Филаделфија беше направен во јуни 2012 од тогашниот папа Бенедикт XVI на крајот на седмата Светска средба на семејствата што се одржа во Милано. (В.Н)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<