Во Рим одржана конференција за „Приговорот на совеста помеѓу слободата и одговорноста“

Рим, 28.5.2013 /к.мк/ – Во Рим од 24 до 25 мај се одржа Деветата конфернеција на здружението „Наука и живот“ на тема „Приговорот на совеста помеѓу слободата и одговорноста“. На него учествуваа лекари и фармацевти кои се заземаат за заштита на секој човечки живот од зачнување до природна смрта и согласно со Хипократовата заклетва која ја даваат, вистински да му служат на секој живот, а не да бидат против него. Поврзано со ова стана збор и за абортусот, но и експериментирањето со ембриони, а тоа значи експерименти со живи човечки созданија, со кој се манипулира наводно за доброто на сите.

Не е мал бројот на оние кои се противат на ова. Многумина поради верски убедувања, некои пак поради идеолошки, а некои едноставно поради спознавањето дека човекот не е средство за експериментирање или било какво уништување. Претседателката на здружението говореше за Радио Ватикан и истакна дека денес за жал, посебно во лаицистичкиот начин на размислување повеќе се посветува грижа за животните отколку за луѓето. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<