Во „петок на милосрдието“ Папата посети болни новороденчиња

На 16 септември 2016 година попладне папата Фрањо го посети одделот за неонатологија во болницата Сан Џовани во Рим, каде што моментално се сместени дванаесетмина болни новороденчиња.

Петте се во тешка состојба на интензивна нега. На горниот кат од истиот оддел се наоѓаат јаслите каде што се хоспитализирани и други мали болни деца. Светиот Отец застануваше пред секој инкубатор, разговараше поединечно со секој присутен родител, охрабрувајќи ги и утешувајќи ги. И вработените во болницата, според извештаите на присутните трогнати и со восхит ја следеле таа неочекувана посета.

Потоа Папата ја посети болницата „Вила Сперанца“ во кој здравствена нега примаат 30 пациенти во терминален стадиум на болеста. Болницата делува во склоп на универзитетската болница Агостино Џемели. Во текот на овој неочекуван и трогнувачки настан, Папата лично го поздрави секој пациент и нивните присутни роднини.

Свежите сеќавања на канонизацијата на Мајка Тереза застапничка на културата на животот е пригоден контекст за септемврискиот „петок на милосрдието“ посветен на важноста на животот – од неговиот почеток до природниот крај. Во своето научителство папата Фрањо повеќе пати силно говореше за прифаќањето на животот и чување на неговото достоинство во секој момент на развој. Вчерашните две посети се силен и опиплив печат: милосрдието може да се живее само водејќи сметка за најслабите и најзагрозените.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот