Во Охрид промовирана книгата „Божјото име е милосрдие“

Во недела 18 септември 2016 година, членови на бендот Агапе заедно со дон Јошт Мезег ја анимираа Светата Миса во Охрид. После Светата Миса, младите и дон Јошт ја промовираа книгата на папата Фрањо, „Божјото име е милосрдие“ која оваа година, по повод годината на милосрдието, беше преведена на македонски јазик.

Промотори на книгата беа Стефанија Ристоманова и дон Јошт Мезег. Модераторот, Виолета Брзова Ханџиска прочита извадок од книгата и со тоа ги воведе верниците во содржината на истата. Потоа Стефанија Ристоманова го изнесе своето видување за книгата и зошто книгата е толку актуелна.

Промоцијата ја заврши дон Јошт Мезег со поучни зборови за милосрдието укажувајќи на тоа дека Божјиот одговор на човечката состојба е токму милосрдието.

На промоцијата настапи бендот Агапе кој ги изведе песните „Благословени милосрдните“, која беше химна на светскиот ден на млади оваа година, „Ти си си предиван Бог” и авторската песна „Агапе“.

Истиот ден, бендот ја анимираше и Светата Миса во Битола, каде пристигнаа моштите на Свет иИван Павле II, а истовремено верниците беа запознати и поканети на катехезите кои ќе се одржуваат во црквата „Пресвето Срце Исусово“ на битолскиот Широк сокак секој понеделник и петокво 19.00 часот.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот