На повикот на молитва за мир во Македонија, кој го упати Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов до сите Цркви и манастири во Република Македонија се вклучија и парохиската Црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала и филијалната Црква „Свети Георги“ во Чанаклија.
Во предвечерните часови, секој ден од месец мај, во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, и секоја недела и на празниците во филијалната Црква „Свети Георги“ во Чанаклија, во согласност со вдахновеноста на парохот о. Спасо Ристов, верниците, во склоп на „Мајската побожност“, измолувајќи го застапништвото и заштитата на Пресвета Богородица, се молат за мир во Република Македонија и за благосостојба на целокупното население.
к.мк/З.А.