Прославен празникот Тело и Крв Христови во Католичката црква „Свети Петар и Павле во Гевгелија
Во недела 18 јуни 2023 година во Католичката црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија свечено беше прославен празникот на Евхаристијата, Тело и Крв Христови.
Претпладнето се служеше света Литургија, а во попладневните во црквата имаше обожавање на светата Евхаристија, на која о. Ристо Самарџиски, сестрите Евхаристинки и верниците го обожаваа Евхаристискиот Исус. Потоа следуваше процесија, придружувана од деца, и благослов со Евхаристијата.
По благословот парохот и верниците им го честитаа празникот на сестрите Евхаристинки, кој што е нивен патрон празник, пеејќи им многаја лета.
Ватикан њуз/к.мк