Во Ватикан преставена Годината на посветен живот

Преседателот на Конгрегацијата за институциите на посветен живот и заедници на апостолски живот, кардинал Жоао Браз де Авиз и секретарот на таа конгрегација монсињор Хосе Родригез Карбало во петок 31 јануари одржаа конференција за новинарите при Канцеларијата за печат на Светата Столица, на која ја претставија Годината на посветениот живот која според одлуката на Папата ќе биде одбележана во 2015 година.

Кардинал Жоао Браз де Авиз потсети најпрво, пренесувајќи ја желбата на многу монаси, тој и секретарот на неговата Конгрегација во приватна аудиенција со папата Фрањо предложиле одбележување на таква година, а Папата веднаш усно ја прифатил таа идеја. Потоа на 29 ноември 2013 година ја објави на завршувањето на средбата со 120 врховни поглавари на машки монашки заедници, што била прифатено со голем аплауз на присутните.

Кардиналот потоа извести за плановите во Годината на посветен живот. Притоа истакна три цели. Првата е „со благодарност да си спомнеме на неодамнешното минато“, почнувајќи од Вториот ватикански собор и посебно педесет годишнината од соборскиот декрет Perfectae caritatis за обнова на посветениот живот. Втората цел е „со надеж да ја прифатиме иднината“ со свесост за кризата низ која поминува општеството и самата Црква допира во полнина и на посветениот живот. Преседателот на Конгрегацијата за посветен живот истакна дека таа криза не смее да се сфаќа „како претсобје на смртта, туку како каирос, вистински повод за длабок раст, а со тоа и за надеж на поттикната сигурност дека посветениот живот никогаш нема да може да исчезне од Црквата, затоа што го сакал самиот Исус како неизоставен дел на својата Црква.“ Третата цел на Годината на посветениот живот е „со страст да ја живееме сегашноста“, а тоа подразбира заљубеност, вистинско пријателство, длабоко заедништво. Тоа е всушност она што го прави прекрасен животот на толку мажи и жени кои се заветуваат на евангелските совети и од близу го следат Христос во тој животен сталеж.

Секретарот на Конгрегацијата за посветен живот, мосињор Хосе Родригез Карбало најави дека на Папата ќе му биде предложено Годината на посветениот живот да започне на почетокот на октомври 2014 година, на годишнината од објавувањето на конституцијата на Вториот ватикански собор за Црквата Lumen gentium, каде што во шестото поглавје се говори за посветениот живот, а да заврши во ноември 2015 година.

Меѓу главните активности во Годината на посветениот живот монсињор Карбало го наведе службениот почеток на Годината на посветениот живот кој би бил одбележан со свечена света Литургија во базиликата Свети Петар во Рим, веројатно на 21 ноември 2014 година. Во ноември би се одржало и пленеарно собрание на Конгрегацијата за посветен живот кое ќе биде на тема „Новина во посветениот живот почнувајќи од Вториот ватикански собор“, мислејќи притоа на Исусовата изрека: „Ново вино во нови мевови.“

Ќе се одржат и различни средби во Рим, како што е средба на млади монаси и монахињи: кандидати, привремено заветени, и оние кои имаат помалку од 10 години од вечните завети. Би имало потоа средба на воспитувачите и воспитувачките, Меѓународен конгрес за теологија на посветен живот на тема „Обнова на посветениот живот во светло на Вториот ватикански собор и перспективите за во иднина.“ На крајот, монсињор Карбало најави и меѓународна изложба: „Посветен живот – Евангелието во историјата на човештвото.“

На крајот на Годината на посветениот живот се предвидува света Литургија која ќе ја предводи Светиот Отец, а веројатно ќе биде на 21 ноември 2015 година на годишнината од објавувањето на Декретот од Вториот ватикански собор Perfectae caritatis.

Секретарот на Конгрегацијата за посветен живот најави и дека се очекува Папата да објави нова Апостолска конституција за контемплативен живот, и дека е во подготовка и ревизија на документите кои се зануимаваат со односите помеѓу епископите и монасите, како и документ кој ќе се однесува на управувањето на добрата од страна на посветени луѓе.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот