Во Атина се одржува средба на Европските епископи одговорни за социјалната комуникација

Со пригоден говор на тема: „Четири херменевтички критериуми за толкување на енцикликата Евангелии Гаудиум применета на комуникацијата”, епископот Хозе Мунила, претседател на Комисијата за социјална комуникација на Европските епископски конференции, ја отвори во Атина на 3 ноември 2014 година средбата за епископите одговорни за социјалната комуникација при Европските епископски конференции.

Според епископот Бунила, во Апостолската енциклика Евангелии Гаудиум, папата Фрањо нуди четири критериуми за толкување, кои можат да помогнат на христијаните како да ја осветлат општествената реалност со светлината на Евангелието. Прв од тие критериуми, според епископот, може да се сумира во фразата: времето е поважно од просторот. Во поедноставното размислување на реалноста, според епископот, спаѓа одбивањето на мирниот пристап кон постоењето, кое е неопходно за објективното сфаќање на многубројните нијанси на реалноста и потребно е да се потпрат на времето, а не на ограниченоста на просторот. Тоа значи дека треба да се даде предност на процесите и да се надмине искушението на брзите и минливите предности.

Вториот критериум е: единството ги надминува конфликтите. Тоа би значело да се соочиме со конфликтите на конструктивен начин, со тоа што на полето на комуникацијата, бара способност за слушање на критичните позиции и решенија, како и способност за верата во вистина која тоа единството го овозможува. Христијаниот не сведочи со бомбардирање на религиозни пораки, туку со сета волја да се жртвува за друг – рече епископот Мунила.

Третиот критериум е: реалноста е поважна од идејата. Во таа тензија важно е да се избегнат идеите кои се одвојуваат од реалноста, а на ниво на комуникацијата, тоа значи дека правилната комуникација со ближните бара љубов кон него. Да зборуваш за ближниот, а да не го љубиш, не е комуникација, туку нешто сосема друго – коментираше епископот Мунила.

Последниот критериум е: целината значи нешто повеќе од севкупниот број на некои делови. Не треба да се биде премногу преокупиран со ограничените и деталните прашања – тврди епископот. Секогаш е потребно да се прошират хоризонтите и да се препознаат поголемите добра кои ќе им донесат корист на сите. Со оглед на контекстот на комуникацијата, овој критериум нè поттикнува да ја согледаме целината, но и неопходната коректност на она што е мало, блиско и едноставно – заклучи претседателот на Комисијата за социјална комуникација на Европските епископски конференции.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот