Владиката Киро моли во капелата на блажена Мајка Тереза во Калкута

Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, како скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија ја посети Калкута. Во Калкута почива големата ќерка на Католичката црква во Македонија – блажена Мајка Тереза. Во понеделникот 24 февруари во 15 часот, владиката ја предводеше светата литургија во сослужение со луѓето кои го придружуваат во оваа негова духовна посета на Индија.1455_1

Покрај капелата, владиката ги посети и домот и собата во која таа живеела и преминала. Музејот во чест на Мајка Тереза и првата куќа која таа ја отворила во Калкута – Tempel. Среќавајќи се со с. Према одговорната настојателка на Сестрите Мисионерки на Љубовта, основани од Мајка Тереза, ја покани да го посети Скопје и Македонија, на што таа одговори дека веќе ќе ја планира таа посета.

На 25 февруари владиката на посебен начин молеше во капелата на вечното почивалиште на блажена Мајка Тереза: – „За Црквата во Македонија; За заговор од Мајка Тереза за својот роден град Скопје; За духовни звања; За најсиромашните во светот“.

Својата неколкудневна посета на Индија бискупот Киро ја заокружува со посета на сојузната држава Керала каде ќе ја посети гората св. Тома.

з.и.с.

1455_2

Категорија: Македонија

За авторот