Доаѓам да го навестам Евангелието на Исус Христос, пораката за помирување, прошка и мир – истакна папата Фрањо во видео-пораката во пресрет на посетата на Мјанмар.
Доаѓам да го навестам Евангелието на Исус Христос, пораката за помирување, прошка и мир – истакна папата Фрањо во видео-пораката во пресрет на посетата на Мјанмар, додавајќи дека со својата посета сака да ја утврди католичката заедница во таа азиска земја во нејзината вера во Бог и во нејзното сведочење на Евангелието кое го поучува достоинството на секој човек и бара да го отвориме своето срце за другите, посебно за сиромашните и оние во потреба.
Истовремено сакам да ја посетам нацијата во духот на почитувањето и охрабрувањето за секој напор кој има за цел градење на хармонија и соработка во служба на општото добро. Живееме во време кога верниците и луѓето со добра волја сѐ повеќе ја чувствуваат потребата да растат во меѓусебното разбирање и почитување, и взаемно да се поддржуваат како членови на едно човечко семејство, бидејќи сите сме деца Божји – рече Папата, повикувајќи на крајот Божји благослов, мир и радост на сите оние кои се подготвуваат за доаѓањето на Папата, како и за нивните семејства.
РВ/к.мк