Велики пост: Молитва, пост, милостиња

Велики пост: Молитва, пост, милостиња

Монс. Анџело Спина, бискуп на Анкона и Осима се осврна на пораката на папата Фрањо за Великиот пост.

Папата Фрањо, на 14 февруари 2018 година попладне ја предводеше процесијата со епископите и кардиналите, и тоа од црквата Свети Анселмо на римскиот рид Авентино, до базиликата Света Сабина каде се служеше света Литургија со обредот пепелење.

Црквата така се подготвува за влез во тоа литургиско време во согласност со упатствата кои папата Фрањо ги даде во овогодинешната порака за постот. Многу е важно – според зборовите на Папата – во тие 40 денови кои нè делат од Велигден, да се вратиме на љубовта. Бидејќи – објаснува – каде нема љубов владее очајот и малодушноста, владее насилството и отфрлањето на странецот, болниот, нероденото дете, владее неплоден песимизам и искушението да се изолираме и да се вклучиме во постојаните братоубиствени војни, владее световниот менталитет кој води до грижа не само за она што е привидно, намалувајќи го на тој начин мисионерскиот занес – вели папата Фрањо во пораката за Великиот пост.

Велики  пост, процут на Духот

Меѓутоа Великиот пост е нешто сосема поинаку – смета монс. Анџело Спина, бискуп на Анкона и Осима – тоа не е време на вознемиреност и мрак; тоа е вистинска пролет, процут на Духот кој дава плодови на доборото во семејството, во домот, на местата на кои е присутна омразата. Црквата и Папата денес ни покажуваат три патишта кои треба да ги следиме: молитвата, постот и милостињата, но ја додавам и прошката – истакна бискупот.

Молитва, пост, милостиња

Пред сè е молитвата – рече и објасни: Молитвата значи слушање на Словото Божјо. Кога во нашиот живот ќе влезе Словото Божјо, тогаш заборуваме за Бог. Молитвата значи да дозволиме Бог да нè сака и да го сакаме. Тогаш молитвата прави нешто големо, затоа што нè ослободува во внатрешноста, од нашите наслаги; тогаш влегува Божјото светло, а сенките се отстрануваат. Тоа значи да се довериш на Бог кој секогаш е наш Отец и го сака нашиот живот – рече бискупот.

Потоа милостињата која нè ослободува од алчност и ни помага да откриеме дека другиот иако е странец, е мој брат и никогаш не сум сам. Милостињата дава срцето да ни биде полно со живот, загреано. Колку денес е потребна љубовта! – истакна бискупот.

Третиот збор кој Светиот Отец го истакнува, а за кој бискупот Спина силно е уверен дека е лек за неправедноста, е постот. Тој ја одзема силата на насилството, нè разоружува; тој е можност за раст. Накратко – според зборовите на епископот – постот нè буди, преку него сме повнимателни на Бог и на ближниот; постот ја оживува волјата за послушност на Бог кој единствено може да ни ја задоволи нашата глад. Да земеш нешто од себе за да дадеш на другите, прави да сфатиш дека Духот е поголем од нашето тело, и дека Бог е сè и дека е бесконечен.

И да не заборавиме – предупреди бискупот – дека најголемиот пост не значи да се лишиш од храната, туку од сето она што нè ограничува, збунува, што го свртува нашето внимание од односот со Бог. Најголемиот пост кој треба да го направиме е да го отстраниме гревот и да бидеме во мир со Бог – рече бискупот Спина, а потоа го објасни и четвртиот збор кој самиот го додаде, а тој е прошката.

Великиот пост е време за помирување со Бог, во светата Тајна Исповед и да се шири таа прошка примена од Бог со знаци на простување во семејството, кон пријателите, и помирување на пошироки нивоа. Прошката се става во промет со љубовта – рече бискупот.

Со вистината против лажните пророци

Времето на Великиот пост, освен тоа помага да се чуваме од лажните пророци и од оние кои Папата ги нарекува „магични змии“. Великиот пост освен што е време на милости, тоа е и време на вистината – рече епископот. Денес има многу измамници кои ги искористуваат човечките слабости за да направат од нив робови… Да мислиме на младите на кои решението им е понудено во дрогата; во односите „искористи и фрли“; во лесни, но нечесни заработки; да мислиме и на оние кои се фатени во замката на виртуелниот свет… Начинот на кој може да се излезе од тоа блато кое загадува и сето создание е да останеме во Христос – истакна на крајот бискупот Спина.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот