Црквата во Индија жали за надбискупот Д’Соуз, прв духовен син на Мајка Тереза

Црквата во Индија го оплакува Хенри Себастијан Д’Соуз, надбискуп во мир кој ја водеше Калкута од 1986 до 2002 година, подржувајќи го одблизу посланието на Мајка Тереза. Почина на 27 јуни во главниот индиски град, во својата 91 година од животот.

Благопокојниот надбискуп во повеќе наврати повтoруваше дека е „првиот духовен син“ на основателката на Мисионерките на љубовта.

Познат е по тоа дека го подигнал воспитно-образовното ниво во надбискупијата. Тој беше секогаш голем подржувач на идната светица, чија беатификација силно ја поткрепуваше. По веста за канонизацијата, во разговор за агенцијата AsiaNews надбискупот изрази големо задоволство поради фактот што Светиот Отец го одобри декретот за второто чудо на Мајка Тереза. Мајка Тереза секогаш ми зборуваше дека ми е мајка, па и сега продолжува со мајчинската заштита над мене и над целиот човечки род, истакна тогаш надбискупот Д’Соуз.

Во еден друг разговор за истата агенција, надбискупот говореше за монашкиот живот и извонредната љубов на Мајка Тереза, истакнувајќи ги едноставните почетоци на нејзиното послание во грижата за најсиромашните меѓу сиромашните, посебно за целосното предавање на таа монахиња на Божјата волја.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот