Великата седмица во Ватикан

Канцеларијата за печат на Светиот Престол го обајви распоредот за славењата кои ќе ги предводи папата Фрањо во Великата седмица. На Велики Четврток, 2 април папата Фрањо Мисата Вечера Господова со почеток во 17.30 часот ќе ја предводи во црквата „Оче наш“ во римскиот затвор Ребибија, каде ќе ги измие нозете на неколкумина затвореници и затворенички.

На Велики Петок, 3 април во 17.00 часот Папата во базиликата Свети Петар ќе го предводи обредот на Маката Господова. Истиот ден на Колосеумот Светиот Отец ќе го предводи Крстниот Пат со почеток во 21.15 часот, а на крајот ќе се обрати на верниците и ќе им подели апостолски благослов.

На Велика Сабота, 4 април, Папата во 20.30 часот во ватиканската базилика ќе го предводи Пасхалното бдение во светата ноќ. На Евхаристијата заедно со Папата ќе сослужуваат кардинали, бискупи и презвитери. На празникот Воскресение Христово, 5 април на плоштадот Свети Петар ќе го предводи свеченото Евхаристиско славење со почеток во 10.15 часот. На крајот од Мисата Светиот Отец од централната ложа на ватиканската базилика ќе го подели благословот Урби ет орби – на градот и светот.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот