Велигденска порака од Светата Земја

Велигденска порака од Светата Земја

Христијанските поглавари во Ерусалим испратија велигденски поздрав до народот во Светата Земја, Блискиот Исток и до целиот свет, посакувајќи Христовите зборвои „Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие,“ (Иван 10,10) насекаде да бидат остварени.

Во заедничката порака на тринаесетте поглавари и партијарси вклучувајќи го и надбискупот Пjербатиста Пицабала, апостослки управител на Латинскиот патријархат се наведува дека преку животот, смртта и воскресението Исус ни донесе ново создавање и го обнови сето создадено, вклучувајќи ја и Божјата слика во човекот. „Празникот Велигден нè потсетува дека човечкото достоинство треба да се вреднува и почитува,“ истакнувајќи дека Ерусалим е „светилник на надежта“ и ги повикуваат верниците да се молат за „подрачјата на насилство и конфликти“ и за жените и децата „кои се соочуваат со насилство.“

Животот кој Исус го вети „во изобилие, не во оскудица“и нагласуваат: „Ерусалим градот на воскресението, е град на надежта и животот.“ Градот на животот нагласуваат, исто така е и град на мирот и помирувањето. „Заради тоа мултирелигискиот и мултикултурниот статус на Ерусалим мора да се одржува и сите авраамски вери не можат да најдат друг град на мирот и тишината.“

Христијанските водачи во Ерусалим се обврзуваат дека ќе продолжат да молат за праведен и траен мир во Ерусалим и во целиот свет. „Ние сме непоколебливи во молитвата за сите подрачја во насилство и неволја, посебно за насилството над недолжните луѓе и места за богослужба.“

Додека се молат за сите жени и деца во целиот свет кои се соочени со насилство и неправда ги повикуваат сите луѓе да го почитуваат достоинството на секоја човечка личност и заедно да одат кон полнотата на животот.

На крајот ги повикуваат своите верници ширум светот и на Блискиот Исток да бидат сведоци на воскресението промовирајќи ги вредностите на воскреснатиот Господ преку активно учество во животот на Црквата во поширокото општество.

Недјелја/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот