Ватикан: Литургиска прослава по повод десетгодишнината од канонизацијата на Иван Павле II
Евхаристиската прослава по повод десетгодишнината од канонизацијата на папата Иван Павле II ќе биде на 27 април 2024 година во 17.00 часот во базиликата Свети Петар, а ќе ја предводи деканот на Кардиналскиот колегиум, кардиналот Џовани Батиста Ре, соопшти Ватиканската фондација Иван Павле II.
„Прослава на 10-годишнината од канонизацијата на Иван Павле II одговара на желбата на верниците кои сакаат да изразат благодарност за дарот на неговата личност и за неговата служба. Затоа прославата е отворена за сите. Секој може да биде присутен без никаква потреба од билет за пристап до базиликата“, изјавија од Ватиканската фондација Иван Павле II.
Обредот на канонизација на Иван Павле II и Иван XXIII, на 27 април 2014 година на плоштадот Свети Петар, беше предводен од папата Фрањо во присуство на тогашниот почесен папа Бенедикт XVI. Процесот на канонизација на Иван Павле II траеше вкупно девет години.
Ватикан њуз/к.мк