Ватикан: Изјавите на Папата за истополовите бракови извадени од контекст

Ватикан: Изјавите на Папата за истополовите бракови извадени од контекст

Во писмо испратено до амбасадорите Ватикан појаснува дека изјавите на папата Фрањо за истополовите бракови во неодамнешниот документарен филм се извадени од контекст и дека Црквата нема да ја промени својата наука во однос на истополовите бракови – пренесува агенција Ројтерс. 

Документарниот филм „Фрањо“, кој премиерно беше прикажан на 21 октомври на филмскиот фестивал во Рим предизвика внимание поради тврдењето дека со своите изјави Папата потврдува дека хомосексуалците имаат право да формираат семејство и дека е потребно да се регулираат истополовите бракови. Како што објави Ројтерс, Ватиканскиот државен секретаријат минатата седмица испрати писмено објаснување до амбасадорите во кое меѓу другото стои дека двете изјави на Фрањо се одговори на две различни прашања, монтирани во една изјава, со изваден контекст и прашања.

„За постоењето на писмо прв објави биографот на папата Аустен Иверег, а неговото постоење го потврди извор од Ватикан, како и амбасадорот на Ватикан во Мексико, кој го објави на својата Фејсбук страница – пренесува Ројтерс.

Во писмото пишува дека е исечен делот во кој Папата се противи на хомосексуалните бракови и дека за вонбрачна заедница зборува во контекст на граѓански закони за животно партнерство. „Јасно е дека папата Фрањо зборува за закони на држава, а не за доктрина на Црквата која повеќе пати во годината ја има повторено“ – стои во писмото до амбасадорите, а пренесува агенцијата Ројтерс.

ИКА/к.мк

Старо интервју на Папата исечено, извадено од контекст и прикажано како став за хомосексуалноста

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот