Божиќното славење во знакот на Светата година

Светиот Отец се подготвува за Божиќното литургиско славење и за свршетокот на годината. Аудеинцијата во среда ќе изостане. Папата на Бадник со почеток во 21.30 часот ќе ја предводи светата Литургија на празникот Рождество Христово.

Овогодинешното божиќно славење е потпопено во Светата година која со својот силен повик на милосрдие ги поттикнува христијаните повнимателно да го гледаат Детето Исус во „јаслите“ на перифериите каде што обично нема сјај ниту разиграни дедо мразовци на излозите: во домовите за стари лица, во мензите за сиромашните, во населбите со бараки каде што вселените се обидуваат да ја почувствуваат барем малку домашната топлина.

Ако сакаш да го најдеш Бог тогаш барај го во болните, барај го во понизноста, барај го во сиромаштвото. Барај го таму каде што е сокриен: во оние во потреба, во болните, во гладните, во затворениците – рече Светиот Отец отварајќи ја Вратата на милосрдието во домот за бездомници на Римскиот Каритас кој се наоѓа покрај главната железничка станица Термини.

Се разбира дека тоа ќе биде во срцето на папата Фрањо кога на 24 декември со почеток во 21.30 часот ќе влезе на олтарот во базиликата Свети Петар за свечена света Литургија за Господовото раѓање и кога на Божиќ ќе се појави на балконот на Ватиканската базилика за да го благослови Градот и светот.

Во меѓувреме главните телевизиски станици се подготвуваат за пренесувањето на литургиското славење кое ќе го предводи Светиот Отец. Во главната сала на Радио Ватикан во 11.00 часот на 24 декември ќе има брифинг за новинарите кој ќе го следат божиќното литургиско славење на светиот Отец вклучувајќи го и Ангел Господов на празникот свети Стефан и Првата Вечерна и Тебе Боже Те славиме на Старата година со почеток во 17.00 часот во базиликата Свети Петар.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот