Рано наутро на 22 ноември 2018 година, божиќното дрво пристигна на плоштадот Свети Петар. Станува збор за оморика од шумите на Кансилио и донација од италијанскиот регион Фриули Венеција Џулија и епархијата на Конкордија-Порденоне.
Традиција од 1982 година
Од Рождество Христово во 1982, на плоштадот „Свети Петар”, по повод празникот Рождество Христово во подножјето на централниот обелиск се гради витлеемска пештера. Од десната страна се поставува Божиќното дрво кое секоја година се донира на Папата од различен планински регион на Европа. Дрвото и Витлеемската пештера ќе останат на плоштадот до завршувањето на Божиќното време, што се совпаѓа со празникот Крштение Господово, 13 јануари 2019.
Ватикан њуз/к.мк