Во недела 11 декември 2022 година од 11.30 до 13.00 часот во дворот на Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот Божиќен саем во организација на Македонски Каритас и катедралната парохија.
Собраниот приход ќе биде наменет за сиромашните семејства корисници на Македонски Каритас.
Воедно организаторите ги покануваат заинтересираните кои сакаат своите понуди да ги изложат на некои од штандовите да се пријават во просториите на Македонски Каритас во Скопје или на телефонскиот број 02/3224190.
к.мк