Неговото Крштевање не значи дека за нас престанува обврската да живеме во праведноста, туку напротив, да живееме во уште поголема праведност од старозаветните пророци. Бидејќи ние директно и лично го запознавме Божјиот Праведник кој го исполнил патот на секоја веродостојна праведност.
Во краткиот извадок од Евангелието според Матеј е опишано Господовото крштевање, каде Исус всушност дошол од Галилеја каде што пораснал и ја поминал својата младост во Јудеја, во краиштата каде што Иван Крстител крштевал со крштевање за преобраќање. Во моментот кога Исус доаѓал, Иван одбил да го крсти, свесен дека Исус нема потреба од крштевање за преобраќање, бидејќи тој е Син Божји и Месија за чие доаѓање тој ги подготвувал срцата на верниците од својот народ. Но Исус сепак го уверил дека тоа треба да го направи, бидејќи тоа е соодветно за правдата, како што рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.”
Ова Исусово објаснување е многу важно и потребно е подетално да се разбере и од него да се извлече поука за нашиот вернички живот. Всушност, со Исусовото крштевање, се нагласува Ивановото служење и навестување на патот на старозаветната праведност која токму таа имала смисла како подготовка на доаѓањето на Спасителот. Но Исус со своето крштевање не прави целосен прекин со старото, туку само укажува на тоа дека старото дошло до својата цел и исполнување. Ако Исус не дошол да го отфрли старозаветниот Закон, туку да го исполни, тоа значи дека не дошол да ја отфрли старозаветната праведност која била поголем степен на живот од животот според Законот. Затоа Исус дошол и како исполнување на патот на праведноста и јасно му го кажал тоа на Иван, кој и самиот дошол до исполнувањето на неговата мисија. Затоа Исус зборува во множина дека доликува да ја исполнаат секоја правда. Исус се подложил на праведноста која ја практицирал Иван, со цел да покаже дека таа е веродостоен пат на правдноста пред Бога, а тоа во исто време му овозможило на Иван да ја види исполнетата смисла и цел на своето делување.
Настанот на Исусовото крштевање бил одредена пресвртница во Исусовиот живот, бидејќи после тоа тој ќе почне со своето делување, т.е. тој со својата наука и делување ќе започне да крштева со друга сила и со други ефекти. Ние сме крстени со неговото крштевање, не повеќе за преобраќање, туку со крштевање за проштевање на гревовите. Затоа Исусовото крштевање е пресвртница и за нашиот живот која ни носи јасна порака. Неговото Крштевање не значи дека за нас престанува обврската да живеме во праведноста, туку напротив, да живееме во уште поголема праведност од старозаветните пророци. Бидејќи ние директно и лично го запознавме Божјиот Праведник кој го исполнил патот на секоја веродостојна правда и кој на сите, кои живеат вистински праведно, им ја отворил вратата на небото. Затоа и небесата се отворила откако Исус бил крстен, бидејќи и со тој знак сакаше да се покаже дека целта на праведноста е знакот од отворената небеса. Затоа Крштевањето Господово и нас да не поттикне и сами да ја исполниме секоја праведност, и во духот на праведноста да живееме живот со поглед кон отвореното небо, каде што некогаш ќе дојдеме во вечната слава.
Битно.нет/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк