Блажена Mајка Тереза ќе биде прогласена за света во септември 2016 година

Католичката црква во септември следната година ќе ja прогласи за света Мајка Тереза од Калкута добитничка на Нобелова награда за мир во 1979 година која својот живот го посветила помагајќи на најсиромашните, објави италiјански католички весник. Канонизацијата ќе биде на годишнината од нејзината смрт, денот кога црквта го одбележува нејзиниот празник. Исто така многумина го истакнуваат за важно што канонизацијата ќе биде прогласена во Годината на милосрдието.

Мајка Тереза умре во 1997 година на возраст од 87 години, ја беатифицираше во 2003 година папата Иван Павле II. Беатификацијата за која е потребно признавање на едно чудо е последниот чекор пред прогласувањето за свет.

Avvenire службениот весник на италјанските католички бискупски конференции го објави чудото кое се препишува на Мајка Тереза, потребно за канонизацијата односно прогласувањето за света, кое вклучува необјасниво оздравување на човек која страдал од смртоносна болест на мозокот. Членовите на семејството за помош се молеле на Мајка Тереза и тој оздравел, оставајќи ги докторите без објаснување како дошло до тоа, стои во службениот весник.

Мајка Тереза или првото име Агнес Гонџа Бојаџиу е родена во Македонија во 1910 година. Го основала редот Мисионерки на милосрдието за да помогаат на најсиромашните на улиците во индискиот град Калкута.

Лаудато/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот