Да го навредуваш братот е како да ја шамараш неговата душа

Вака или ништо така размислуваат еретиците, а не католиците – предупреди Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 9 јуни 2016 година во домот Света Марта зборувајќи за „здравиот реализам“ кој Исус го научува.

Папата нагласи дека црковните луѓе на Божјиот народ му прават големо зло кога едно зборуваат, а друго прават. Поттикна сите да се ослободат од тврдиот идеализам кој го спречува помирувањето меѓу луѓето.

„Вашата праведност треба да биде поголема од праведноста на книжниците и фарисеите“ појдувајќи од тој Исусов поттик кој е во денешното Евангелие, Папата зборуваше за здравиот христијански реализам. Народот „малку застранил“ затоа што во своето животно сведочење не биле доследни оние кои го поучувале законот. Исус бара да се надмине таа недоследност. Тој за пример ја зема првата Божја заповед: „Љуби го Бог и љуби го ближниот“ и истакнува дека ќе им биде судено на сите оние кои се лутат на својот брат – рече Папата.

Да го навредуваш братот е како да ја шамараш неговата душа

Добро е ова да се слушне во ова време кога сме навикнати на класификација и имаме богат речник за навредување на другите. Тоа е грев, тоа е убивање, затоа што е шамарење на душата на братот, на неговото достоинство – рече Папата и иронично додаде дека често многу љубезно изговараме навредливи зборови кои се однесуваат на другите луѓе. Бидејќи имаше многу деца на светата Литургија, Папата сите ги поттикна да бидат „мирни“ затоа што проповедта на едно дете во црквата е поубава од проповедта на свешетникот, епископот и од проповедта на Папата. Детето не треба да се попречува тоа е глас, на невиноста кое на сите им прави добро – истакна Папата.

Недоследност на соблазната

Исус од заведениот народ бара да го дигне погледот и да оди напред – рече Папата додавајќи дека недоследноста на христијаните нанесува на народот големо зло. Колку пати сме слушнале: мора да правите вака, а тие го прават спротивното. Таа соблазна го ранува народот, оневозможува раст на народот Божји, не оди напред, не го ослободува. Народот ја видел строгоста на книжниците и фарисеите дури ги прогонувале и убивале пророците. Исус на фарисеите им вели: Ги убивавте пророците, ги прогонувавте сите оние кои ви донесуваа нов воздух – потсети папата Фрањо.

Следете го здравиот реализам на Црквата

Великодушноста, светоста која Исус ја бара од нас е секогаш е да се излегува кон висината, да се воздигнува. Тоа е ослободување од строгоста на законот и од негативниот идеализам. Исус добро нè познава, ја знае нашата природа. Нè поттикнува да се помириме кога сме скарани. Исус нè поучува на здрав реализам. Често не може да се постигне совршеност, но барем правете го она што можете, помирете се – рече Светиот Отец и продолжи:

Католичката Црква има здрав реализам, никогаш не научува или – или, затоа што тоа не е католички. Црквата вели: ова и ова. Настојувај да бидеш совршен, помири се со својот брат. Немој да го навредуваш. Сакај го. Ако има проблем договорете се за да не избувне војна. Тоа е здрав католички реализам. Не е католичко размислување: ова или ништо. Така размислуваат еретиците. Исус знае да оди со нас, ни го покажува идеалот, нè придружува кон идеалот, нè ослободува од оковите на законот и нè поттикнува да го правиме тоа што можеме. Тој добро нè разбира. Тој е наш Бог, Тој така нè учи – рече Светиот Отец.

Помирувањето е мала светост на договорот

Господ не сака да бидеме лицемери, не сака да се фалиме со јазикот со кој го навредуваме својот брат. Правете го тоа што можете, тоа Исус ни го зборува, барем избегнувајте меѓусебна војна, договарајте се. А тоа е, се осудувам да кажам, мала светост на договорот. Не можам сè, но сакам сè, ќе се договорам со тебе барем нема да се навредуваме, нема да војуваме, да живееме во мир. Исус нè ослободува од нашата беда и од некатоличкиот идеализам. Да го молиме Господ да нè научи да излегуваме од вкочанетоста и да се воздигнуваме за да можеме да му се поклонуваме и да го фалиме Бог; да нè научи да се помируваме меѓусебно и секогаш да се договараме додека можеме – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот