Блажена Мајка Тереза
Мајка Тереза, Агнеза Гонџа Бојаџиуе родена воСкопје на 26 август 1910 година, крстена е ден покасно 27 август во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. На возраст од девет години нејзиниот татко ненадејно починал. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее монашки живот.
Во 1928 година заминува за Даблин, а потоа оди вo Бенгал и Калкута, Индија. По само два месеца таа влегува во монашката заедница на „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ги дава своите први завети. Околу 17 години е во служба на училиштето „St. Mary’s School“ во Калкута.
На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута таа во 1946година го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Две години подоцна добива дозвола да ја напушти монашката заедница на „Лоретски сестри“ без притоа да се откаже од својот статус на монахиња. Оттогаш Тереза живее со најсиромашните во предградијата на Калкута и секаде и секогаш таа ја шири својата молитвена порака дека „Светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов“. Таа се посветува на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979година ја доби Нобеловата награда за мир.
Во 1950 година ја основаше монашката заедница „Мисионерки на љубовта кон ближниот“. Мајка Тереза со своите монахињи посебно се грижат за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од лепроза. Денес монашката заедница „Мисионерки на љубовта кон ближниот“, основана од Мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута.
Нејзиниот процес за беатификацијатае започнат една година по нејзината смрт, а за блажена е прогласена на 19 октомври 2003 од страна на папата Иван Павле II.