Писмо на еден родител до своето дете

Мое сакано дете,

Сега уште не сум стар, но кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш.

Ако се извалкам за време на ручекот и ако не можам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на времето кое го потрошив за да те научам на тоа.

И ако во разговорот се повторувам, зборувам едно исти работи, немој да ме прекинуваш, слушај ме! Кога беше мал, морав една иста приказна да ја читам секоја вечер сѐ додека не потонеше во длабок сон.

Ако не сакам да се бањам, не ме исмејувај и не ме навредувај. Потсети се колку пати морав да те ловам и да измислувам илјадници причини за да те натерам да влезеш во кадата.

Кога ќе ги забележиш моите непознавања за новите технологии, дај ми време и не ме гледај со потсмев. Јас те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облечеш, да се соочиш со животот и да знаеш да се избориш.

Ако некогаш во разговорот заборавам или не знам повеќе зошто зборував пред малку, дај ми време да се потсетам и ако не успеам да се сетам, не се вознемирувај.

Нашиот разговор не ми е најважна работа на светот, туку да бидам покрај тебе и да знаеш да ме слушаш. Ако не сакам да јадам, не ме присилувај. Самиот знам кога ми потребна храна,а кога не.

Кога уморните нозе повеќе нема да можат да одат, дади ми рака како што некогаш јас ти давав, кога ги правеше првите чекори, кога проодуваше…

Еднаш ќе сфатиш дека и покрај сите направени грешки, го сакав најдоброто за тебе и дека се обидов да те подготвам на патувањето низ животот.

Не тагувај и не се лути и не се чувствувај беспомошен кога ќе ме гледаш таков покрај тебе. Биди покрај мене и обиди се да ме разбереш и да ми помогнеш, како што јас ти помагав кога ти го започнуваше твојот животен пат.

Биди ми поткрепа, помогни ми да го завршам патувањето со љубов и трпеливост. Ќе ти возвратам со насмевка и неизмерна љубов, која секогаш ја чував за тебе.

Те сака,

Твојот родител

Битно нет/к.мк/го*ко

Категорија: Размислување

За авторот