Бискупот Стојанов ја предводеше светата Литургија во Зеница

Бискупот Стојанов ја предводеше светата Литургија во Зеница

Во недела, 19 март 2023 година, парохијата Свети Јосиф во Зеница со свечена света Литургија го прослави својот небесен патрон Свети Јосиф, која ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. Киро Стојанов.

На почетокот на светата Литургија во дворот пред црквата, каде што се собраа голем број верници, како и во црквата, поздравен збор упати парохот дон Давор Топиќ, а воедно ги пренесе и поздравите од надбискупот Тома Вукшиќ до монс. Стојанов и верниците.

Во пригодната проповед бискупот Стојанов рече: „Благодарен сум на Бога, на вашиот надбискуп и наш митрополит монс. Тома Вукшиќ за благословот и на вашиот парох, мојот драг пријател, дон Давор, кој ме покани да присуствувам на празникот Свети Јосиф, да го толкувам Божјото Слово на оваа свечена Литургија кога вашата парохија го слави својот небесен заштитник и застапник“.

„Меѓу верниците секогаш имало интересна тема, честа расправа: кој светец е најголем. Јасно е дека оваа тема е секогаш недовршена затоа што не можеме со нашите човечки мерила да ги измериме небесните вредности во Божјото царство. Евентуално може да се каже кој светец е најсакан, а тоа е секогаш лична работа бидејќи зависи од нашето познавање и нашето пријателство со одреден Божји миленик. Но, едно е сигурно дека ако ги ставите светците на ранг-листа според скромноста, тогаш свети Јосиф секако е на прво место како најскромен светец“.

„Да се обидеме да го замислиме Јосифовото место во историјата на спасението. Според оваа историја, можеме да ги видиме патријарсите од Стариот Завет, од кои Авраам, праотецот на нашата вера, сигурно е најголем. Потоа можеме да го прелистаме Стариот Завет и ќе сретнеме многу ликови; Исак, Јосиф Египетски, Јаков итн. Оваа низа великани од Стариот Завет полека води до Новиот Завет, меѓутоа, неколку векови пред Христа, по прашањето на Израелските оци се споменуваат само великаните од далечната историја. Во периодот со понов датум, може да се зборува за великани за време на прогонството, па до оците браќа Макавејци. Во тој период на сеќавање и тишина, Бог повикува дрводелец, едноставен занаетчија од Назарет, многу сиромашно и озлогласено место до таа мера што кај народот имало презир со реченицата: Зарем може нешто добро да дојде од Назарет?

„И токму од тој Назарет Бог го наоѓа најголемото добро. А тоа е скромниот, тивок, вреден работник без земја, со мала куќа, кој лебот буквално го заработува со пот на лицето и труд на рацете. Тој, Јосиф, од Давидовиот дом, и покрај неговото сиромаштво и скромност, беше повикан, а пред тоа избран од самиот Бог, без воопшто да знае за тоа, дека во животот на Исус Христос ќе ја преземе врз себе големата одговорност на кого Синот Божји како Син човечки, се обраќа со сладок збор, оче! Додека Исус е природен Син Божји, Тој законски го зема Свети Јосиф да биде пред законот и посвоен Син човечки, Син на Јосиф дрводелецот. Длабоко сме трогнати од сознанието дека на Јосиф не му било јасно зошто е повикан и дека од него не била побарана согласност за овој Божји план, но Бог, уверен во верата на Јосиф, го поставил од анонимноста на сцената на историјата како единствениот вистински патријарх затоа што Бог исто така ќе го нарече отец. Очигледно е дека добриот Бог имал причина да го избере токму Јосиф за да го слуша Исус во името и во начинот на односот Син-Татко. Евангелијата ни кажуваат дека Божјиот план бил откриен само во сон. Јосиф не бил сонувач, но сонот што Бог му го дал, тој го препознал како Божја волја и во својата едноставност го прифатил како факт, и покрај неговите лични и тешки трауми – да се потсетиме на зачнувањето на Марија надвор од законскиот брак. Колку вознемиреност поднесе свети Јосиф, можеме да го споредиме со моментот кога пратоецот Авраам го подигна ножот на својот единствен син Исак – синот на ветувањето, на Марија под крстот каде што е денес Ерусалим. Јосиф се нашол во таква вознемиреност, посилна од таа на Авраам: А само еден глас во сон го решава тој проблем, бидејќи свети Јосиф е праведен човек, кој верува во Бог дури и повеќе од Авраам“.

„И само што се смири бурата од Христовото раѓање, кое ги развесели ангелите, пастирите и мудреците, над новородениот живот се крена раката на крвникот Ирод. И повторно преку ангел доаѓа Божјиот глас: Јосиф, земи го детето и жената и бегај во Египет. Повторно вознемиреност; бездомник, прогонет, бил бегалец во Египет, од каде што неговите предци одамна биле ослободени од ропство со чудотворната рака Божја. Сите тие настани од историјата, свети Јосиф не можеше да ги знае. Дали му дојде некоја мисла? Зошто самиот Бог сака повторно да биде бегалец и прогонет во Египет? Свети Матеј во Евангелието размислува за тоа и наоѓа оправдување во пророчкото Слово: „Од Египет Го повикав Синот Свој.” Како и да е, и во овој случај, свети Јосиф се претставува, како послушен, но и силен борец за живот и заштита од крвавата прогонителска рака“.

„Продолжуваме со свети Јосиф кој молчи и слуша. Се враќа во Назарет по сите тие лутања во Витлеем, Египет, Ерусалим и на огништето во скромната куќа во Назарет. Во Новиот завет е наведено дека 12-годишниот Исус послушно се враќа со Марија и Јосиф и влегува во училиштето на животот, а евангелистот вели: И им беше послушен. Очигледно е дека свети Јосиф, примерот на момче, Исус, му дава сила да работи вредно кога ќе го види тоа мило дете, потоа млад и возрасен човек, како му се покорува на дрводелецот, му помага и работи секој ден со пот на неговото лице. Не знаеме како живеел свети Јосиф, но традицијата, која живее во Црквата вели дека свети Јосиф умрел пред Исус да настапи како јавен учител. Свети Јосиф често се гледа на слики како умира во присуство на Марија и Исус. Така настана и повикот, кога христијанин на умирање повикува: Исусе, Маријо и Јосифе бидете со мене во смртниот час“.

„Ако би сакале сето ова да се сумира во порака, се осмелувам да кажам дека многумина од вас денес живеат во многу слични околности како Јосиф во Назарет. Со вознемиреност, сиромаштво и несигурност. Многумина од вас се бегалци, а многумина во прогонство. Сега останува прашањето: А дали во духовноста сме барем близу до свети Јосиф? Јасно, понизно признаваме, за жал, не сме. Но, на денешниот празник можеме и треба да побараме застапништво и помош од свети Јосиф, да не поучи и да нè зацврсти. Потребна ни е таа доверба што ја имаше во Божјиот животен план, потребна ни е таа скромност, која гласно вели: Ако имаш сè, а го немаш Бог, ти си најсиромашен, а ако го имаш Бог и немаш ништо друго ти си најбогат. Нашето богатство е присуството на Исус во нашиот живот, во нашето семејство и во нашата работа. Да го имаш Исус пред себе, да го имаш Исус со себе и да работиш за ближните – твоето семејство, значи да ја живееш полнотата на животот. Да се вратиме на првата констатација: Свети Јосиф е најскромниот светец од кој не е запишан ниту еден збор, но сепак благодарение на посиновувањето Јосиф е дел од светото Семејство. И ние сме повикани да бидеме макар и анонимни, но Божји соработници. Ако дозволиме Бог да владее во нас, тогаш тој ќе изврши големи дела.

Браќа и сестри, ви го честитам овој ден, патронот на парохијата и молам за застапништво на свети Јосиф за сите парохии во Зеница, да се застапува кај Господа за вас секогаш и секаде. Така нека биде. Амин“.

За време на светата Литургија, пееше парохискиот хор под диригентство на сестра Габриела Хргиќ. Верниците се подготвуваа за празнувањето на патронатот преку голема деветница, девет среди во чест на Свети Јосиф.

кта/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот