Бискупот Стојанов упати честитка до Исламската верска заедница по повод празникот Рамазан Бајрам

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, во негово лично име и во име на духовенството и верниците на Католичката Црква во Македонија во вторник 9 април 2024 година, а по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реус ул улема Шаќир ефенди Фетаху, неговите соработници и до сите граѓани со исламска вероисповед во Македонија.
Во честитката епископот Стојанов го спомнува времето поминато во пост, молитва и милостина, посакувајќи Милосрдниот Господ да ги услиши нивните молитви и да ги исполни со радост и мир. Понатаму во честитката монсињор Стојанов посакува мирот да загосподари во сите нас, нашите заедници, општество и светот.
к.мк