Светиот Престол поттикнува на рамноправност на жените и мажите во медиумите

Светиот Престол поттикнува на рамноправност на жените и мажите во медиумите

Почитување и рамноправно учествување на мажите и жените во медиумите е еден од начините за остварување на мир и солидарност, смета монс. Јануш Урбанчик, постојан набудувач на Светиот Престол во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

„Промовирањето на почитувањето и рамноправното учествување на жените и мажите внатре во медиумските структури и во средствата за социјална комуникација е неопходен чекор за унапредување на одржлив мир и безбедност“, рече на 9 март монс. Јануш Урбанчик, постојан набљудувач на Светиот Престол при Организација за безбедност и соработка во Европа, по повод средбата на тема „Слобода на медиумите и родна еднаквост“, одржана ден по Меѓународниот ден на жената.

„Општеството има прво на информации кои се засноваат на вистината, слободата, правдата и солидарноста“, додаде. Понатаму се присети и дека работата на медиумите е „во служба на општото добро“ и ја нагласи потребата тоа да се заснова на промовирањето и заштитата на човековото достоинство за да има„позитивно влијание на мирот и безбедноста“. Сето тоа е важно, објаснува монс. Урбанчик, затоа што „личноста и општеството се цел и средство за социјална комуникација.

Затоа средствата за социјална комуникација и новинарите имаат обврска да служат на општото добро „со пружењето на точни, објективни и врамнотежени информации“ така што врз основа на тоа политичарите и меѓународната заедница да можат да донесуваат одговорни одлуки. Новинарите имаат важна улога, истакнува Урбанчик која „станува уште поочигледна во конфликтите“, затоа што можат „да му пружат на светот поглед на војните кои службените или владините информации често не можат да ги дадат,“ најпосле и кога станува збор за „човечко страдање кое ги следи таквите конфликти.“

Покрај тоа, монс. Урбанчик ја нагласи ангажираноста на Светиот Престол во „подржувањето на активностите на ОБСЕ поврзани со рамноправноста на жените и мажите, вклучувајќи унапредување на еднакви можности за жените во медиумите, како и оние активности кои се однесуваат на заштитата на жената, посебно на новинарките од сите видови на насилство. „Во таа смисла, првиот чекор е признавање на важноста за учество и залагање на жената во сите аспекти на културниот, општествениот, политичкито и економскиот живот. Благодарение на нивниот поглед и чувствителност, тие често можат да бидат клучот за целосна проценка на реалноста“, заклучи постојаниот набљудувач на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот