Папата упати порака до претседателот Порошенко

Во оваа тешка ситуација се молам за вашата земја и ги поддржувам напорите кои му помагаат на украинскиот народ да оди напред во духот на мирот и повторното обединување – стои во пораката на папата Фрањо упатена до украинскиот претседател Прошенко по повод 24 годишнината од независноста на Украина

Папата повторно ја покажа својата духовна близина со жртвите, нивните семејства и сите кои трпат, што истото го кажа и во неделата по пладневната маријанска молитва Ангел Господов.

Во Киев се обележува 24 годишнина од независноста на Украина, но блесоците на славењето не можат да ја затемнат драматичната атмосфера опишана во говорот на украинскиот преседател Поршенко: 2.100 загинати војници, околу седум илјади ранети. Од почетокот на непријателствата загинале 6.800 луѓе, меѓу нив најмногу цивили. Во бранот на тензиите кој ја заплискува Украина, зборовите на Папата по молитвата Ангел Господов е светол ветар кој дарува надеж – рече отец Иван Кулук, парох во украинска црква во Рим.

Многу ни е важно што Папата упати апел за мир во Украина. Верувам дека сите Украинци останаа задоволни од апелот на Папата, Врховниот црковен поглавар кој моли за Украина, а во своето срце се сеќава на украинскиот народ, се сеќава на тешката ситуација во која се наоѓа Украина – рече парохот.

Украинската криза многу ја загрижува Европа, исто како и мигрантите, а за тоа најмногу ќе се зборува на трилатералната група Германија, Франција и Украина во Берлин. Од позадината на политичките и дипломатските обиди се јави хуманитарна драма на десетина илјади луѓе, останати без земја и кров на главата. Многу луѓе ја напуштија или мораа да ја напуштат земјата каде што живееле, бидејќи сè е уништено. Бројни деца, жени и мажи мора да ги напуштат местата каде што се судирите. На луѓето во бегство треба да им се обезбеди сместување, треба да се згрижат – рече пречесниот Иван и додаде:

Ние мораме да бидеме обединети. Мора да бидеме заедно посебно во овој тежок момент, бидејќи единството ни дава сила. Би сакал сите во срцето да можат да го почувствуваат големиот дар на слободата и независноста на нашата земја. Украинскиот народ веќе 24 години е слободен има своја држава, а тоа е голем Божји дар – заврши отец Иван.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот