Бискупот Стојанов упати честитка до Исламската верска заедница по повод празникот Рамазан Бајрам

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, во негово лично име и во име на духовенството и верниците на Католичката Црква во Македонија во четврток 20 април 2023 година, а по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реус ул улема Шаќир ефенди Фетаху, неговите соработници и до сите граѓани со исламска вероисповед во Македонија, посакувајќи им Господ Бог да ги обдари со своите неизмерни благодати.
„Времето до празникот го поминавте во пост, молитва и милостина зацврстувајќи ја на тој начин духовната димензија во човекот и искажувајќи ја преданоста и благодарноста кон добриот и милосрден Бог. Нека Милосрдниот и Милостив Господ обилно ги награди благородните Ваши настојувања за доброто на секој поединец во семејството, заедницата и општеството“ – се наведува во честитката на бискупот Стојанов.
к.мк