Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов по повод 75 години од животот и 20 години бискупска служба на Белградскиот надбискуп монс. Станислав Хочевар на 9 ноември 2020 година испрати честитка, која ја пренесуваме во целост.
Превозвишени господине Надбискупе,
По повод 75. години од животот и 20. години бискупска служба примете ги моите искрени честитки, проследени со молитви за Вас, нека Ве прати Милосрдниот Господ на Вашиот пат на служење во Црквата.
Вашето сведочење и служење во изминатите години од Вашата архипастирска служба се плод на средба и од со Бог, нека биде и за другите охрабрување и поттик за отвореност за Божјата љубов и милосрдие. Во посланието и сведочењето на Исус Христос, нека ве прати застапништвото на Блажена Девица Марија – мајка на Божјата милост.
Овие честитки ги искажувам и во име на презвитерите од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, лицата со посветен живот и верниците, со изрази на почит и братска љубов кон Вас и благодарност за љубовта која ја имате кон Црквата во Македонија.
Додека ви ги искажувам овие честитки, молам за застапништво на света Мајка Тереза, и срдечно со братска љубов Ве поздравувам во Милостивиот Господ!
+ Киро Стојанов
Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх