Бискупот Стојанов служеше света Литургија за жртвите од пандемијата и за мир во Украина и светот
Скопскиот бискуп и Струмичко- скопски епарх, монс. Киро Стојанов на 8 април 2022 година во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во заедништво со свештенството служеше света Литургија за жртвите од пандемијата Ковид 19 и за мир во Украина.
Советот на Епископските конференции на Европа повика во Велигденскиот пост секоја Епископска конференција еден ден да моли за жртвите од пандемијата Ковид 19, а во таа молитвената накана е додадена и молитвата за мир во Украина. Според заедничкиот распоред на Советот на Епископските конференции на Европа и Епископските конференции во Европа договорено е Меѓународна епископска конференција „Свети Кирил и Методиј“ која ја сочинуваат Македонија, Косово, Црна Гора и Србија да моли за таа накана на 8 април 2022 година.
По тој повод бискупот Стојанов служеше света Литургија во Катедралата во Скопје, а во молитвена накана беше вклучена и целата Католичка црква во Македонија. Покрај тоа во сите Цркви во Македонија се служеа свети Литургии за жртвите од пандемијата и за мир во Украина
Господ Бог нека ги прими жртвите од пандемијата во своето Царство на радоста и нека подари мир во Украина и светот.
Ватикан њуз/к.мк