Бискупот Стојанов служеше Миса за покојните

На 1 ноември 2015 на празникот Сите свети, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје евхаристиската прослава за покојните беше предводена од Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов.

Заедно со бискупот Стојанов концелебрираа и скопскиот парох дон Давор Топиќ, директорот на Македонски Каритас монс. Антун Циримотиќ и бискупскиот канцелар отец Маријан Ристов.

Во својата пригодна проповед, бискупот Стојанов ја истакна силата на верата која нè води во вечен живот и ни овозможува да ја почувствуваме близината на небото. Исто така ги охрабри и ги повика присутните како Црква секогаш во молитвите да се сеќаваме за нашите окојни.

По завршувањето на светата Миса присутните молеа молитва за целосно простување наменета за своите покојни. Во текот на светата Миса пееше катедралниот хор под водство на сестра Татјана Атанасова.

к.мк/Е.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот