Бискупот Стојанов во Резиденцијата на Водно во Скопје го прими во посета господин Насер Цури, директор на Спомен куќата Мајка Тереза во Скопје.
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. Киро Стојанов во петок, 27 јануари 2023 година, во Бискупската резиденција на Водно го прими господин Насер Цури, директор на НУ Спомен куќа Мајка Тереза – Скопје.
На средбата, која помина во пријатна и пријателска атмосфера се разговараше за развојот на Спомен куќата, за актуелните активности, како и за активностите предвидени за во иднина. Стана збор и за активности на кои би можеле заеднички да настапат Црквата и НУ Спомен куќа Мајка Тереза – Скопје за уште подобро да се осветли делото и ликот на Света Мајка Тереза, нашата Светица од Скопје.
к.мк