Бискупот Стојанов присуствуваше на комеморативната седница за делото на академик Томе Серафимовски
На 7 март 2016 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов присуствуваше на комеморативна седница посветена на делото на македонски скулптор и академик Томе Серафимовски, во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.
Бискупот Стојанов во книгата на жалоста напиша: „Во името на Католичката црква изразувам длабока благодарност на академик Томе Серафимовски, воедно изразувам христијанско сочувство на семејството и на Македонската академија на науките и уметностите и Бог нека му дари радост и утеха во своето царство.“
Академик Томе Серафимовски (1935 -2016) по тешко боледување почина на 3 февруари во Скопје, а беше погребан на 6 февруари на Градските гробишта „Бутел“ – во Скопје.
к.мк/Е.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија