Бискупот Стојанов во допис до свештенството, монаштвото и целиот Божјиот народ повика во петок 31 март 2023 година да се посвети на молитва за мир во Украина и светот.
На тој начин Католичката црква во Македонија, заедно со останатите Цркви од Меѓународната епископската конференција Свв. Кирил и Методиј и Црквата во светот, се приклучува на великопосната иницијатива наречена Молитвен синџир за мир во Украина иницирана од Советот на Европските епископски конференции, искажувајќи близината со украинскиот народ и обединувајќи се во молитва за конечен мир во Украина и светот.
к.мк

За авторот
Слични написи
Бискупот Стојанов го прими во посета монс. д-р Мирослав Ваховски, потсекретар во Државниот секретаријат на Ватикан за односи со државите

