Бискупот Стојанов на гробот на свети Јосафат молеше за единство на христијаните и мир во Украина и светот и исто така го повика свештенството, монаштвото и целиот Божји народ во Македонија на молитва за мир во Украина.
За време на престојот оваа седмица на бискупот Стојанов во Рим го посети гробот на свети Јосафат во базиликата Свети Петар каде што молеше за единство на христијаните. Покрај молитвите упатени за единство на христијаните исто така на гробот на тој украински светец молеше и за мир во неговата татковина Украина. Епископот Стојанов уште од студенските денови во Рим практикува да моли за единство на христијаните на гробот на свети Јосафат за што овој светец го дал и својот живот.
Бискупот Стојанов во допис до свештенството, монаштвото и целиот Божјиот народ повика во петок 31 март 2023 година да се посвети на молитва за мир во Украина и светот. Со тоа Католичката црква во Македонија, како дел од Меѓународната епископска конференција Свв. Кирил и Методиј, се приклучува на великопосната иницијатива наречена Молитвен синџир за мир во Украина иницирана од Советот на Европските епископски конференции.
Ватикан њуз/к.мк