Бискупот Стојанов додели Благодарници на богословиите во Сараево за учество во организацијата на Апостолската посета
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов на 4 ноември 2019 година во Сараево се сретна со ректорот на Врхбосанската теолошка семинарија о. д-р Зденко Спајиќ и вицеректорот на Надбискупската мисионерска богословија „Редемпторис Матер“ о. м-р Јошт Мезег
Бискупот Стојанов ги запозна ректорот Спајиќ и вицеректорот Мезег дека присуствува на 77. заседание на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина, и по тој повод посака да се сретне и заблагодари на сите оние кои по поводот Апостолската посета на Светиот Отец папа Фрањо во Македонија на 7 мај 2019, покажаа братска љубов и поддршка преку доаѓањето и придонесот на самиот настан во делот на литургиската прослава и волонтерството.
Соговорниците се присетија на драгоценото искуство на своите богословски заедници со Светиот Отец како и за убавиот престој во Скопје. Исто така за нивниот интерес бискупот Стојанов ги запозна со животот и делувањето на Католичката црква во Македонија истакнувајќи дека Апостолската посета донела нова димензија во животот и сведочењето на Црквата во Македонија. Во знак на благодарност на сараевските теолошки семинарии бискупот Стојанов додели Благодарница и медалјон со ликот на Свети папа Иван XXIII и Света Мајка Тереза кој е изработен по повод 29. Апостолско патување на папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк