Бискупот Стојанов го прими во куртуазна посета на Амбасадорот на Чешката Република Н.Е.Јарослав Лудва
Во петок, 22 април 2022 година, во Бискупската резиденција во Скопје Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П монс. Киро Стојанов го прими во посета амбасадорот на Чешката Република во Македонија, Н.Е. Јаруслав Лудва.
Во срдечна атмосфера бискупот Стојанов го запозна амбасадорот Лудва за животот и активностите на Католичката црква во Македонија. Воедно беше разговарано и за мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј во Моравија и нивните ученици во Македонија на овие наши простори.
Покрај другото амбасадорот беше запознат и за ангажираноста на Католичката црква во Македонија на каритативно и едукативно поле посебно преку активностите на Македонски Каритас, порталот Католици.мк и Радио Марија Македонија.
Средбата заврши со желба за продлабочување на соработката и посета на верниците од источниот дел.
к.мк